СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Биткоин китовите не престануваат да акумулираат БТК

Биткоин китовите на прв поглед продолжуваат да акумулираат БТК бидејќи цената на водечката криптовалута се консолидира помеѓу опсегот од 55.000 до 59.000 долари. Основите на ланецот се подобруваа во последните неколку недели.

Податоците од аналитичката фирма „Сантимент“ покажуваат дека БТК китовите во моментов претежно се акумулираат, бидејќи 35.000 БТК вредни повеќе од 2 милијарди долари ги напуштија платформите за тргување со криптовалути во последните 30 дена, додека портфолијата со 100 до 1.000 БТК додале уште 353.000 БТК од почетокот на Февруари

Во меѓувреме, адресите со 1.000 до 10.000 Биткоини изгубија 300.000 од дигиталните парички. Додека овие поголеми паричници изгубиле средства, податоците се во согласност со акумулацијата на китовите, бидејќи овие поголеми паричници често припаѓаат на платформите за тргување со криптовалути, кои држат средства за илјадници корисници. БТК монетите кои ги напуштаат овие берзи може да бидат префрлени на „ладни портфолија“ од долгорочните сопственици (HODLers).

Откако цената на БТК започна да расте кон крајот на минатата година, просечниот број на активни адреси на седумдневна основа исто така се зголеми, бидејќи активноста на блокчејнот растеше заедно со интересот за криптовалутата.

Аналитичарот со псевдоним „Crypto Birb“ на Твитер истакна дека краткорочните и долгорочните циклуси на цените на Биткоин се надополнети со напредокот долж веригата.

Додека податоците на веригата покажуваат дека употребата на БТК продолжува да расте и китовите акумулираат криптовалута, насловите, исто така, сугерираат дека побарувачката расте. Неодамнешна студија покажува дека мнозинството акредитирани инвеститори во САД имаат намера да купат Биткоин во 2021 година.

Поврзани вести

Ripple ангажираат директор од Amazon

Влатко Зорба

„Андресен Хоровиц“ планира фонд за криптовалути

Јелен: Биткоин е ризично, шпекулативно средство

Влатко Зорба