СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Биткоин „рударството“ ќе стане уште потешко

Биткоин „рударството“ сега бара поголема моќ од кога било досега, а тежината на „копањето“ достигнува максимум на сите времиња по последната рекалибрација.

Тежината на рударството, што е во согласност со промените во вкупниот „хашрејт“, сега се зголеми на 23,1 трилиони, што е значителен скок од околу 6%. Ова е второ најголемо зголемување на тежината од почетокот на годината и петти пат во последните шест периоди на рекалибрација.

За неупатени, зголемувањето на тежината на Биткоин „рударството“ можеби звучи контрапродуктивно, но механизмот игра важна улога во регулирањето на мрежата, осигурувајќи дека блоковите се обработуваат со стабилна брзина и ја прават мрежата поотпорна на напади.

Тежината на „рударството“ автоматски се калибрира по обработката на 2016 блокови, што се случува приближно на секои две недели. Конзистентноста со која тежината на рударството се зголеми оваа година е одраз на тековната жестока конкуренција меѓу рударите. Со скокот на цените на Биткоин во последните месеци, дојде нов ентузијазам за „рударство“, кој сега е попрофитабилен од кога било. Како што се зголемуваат рударските операции, во обид да се искористи растечката вредност на Биткоин, тежината на рударството расте.

Додека многумина ќе ги тријат рацете од веројатно понатамошно покачување на цената на Биткоин, зголемувањето на тежината на рударството нема да направи ништо за да се олесни загриженоста за влијанието на Биткоин врз животната средина. Со поголема моќност за пресметување потребна за натпреварување за награди за криптовалути, сепак ќе треба да се канализира повеќе енергија во мрежата, која веќе троши повеќе од многу држави.

Поврзани вести

FCA: Инвеститорите во Bitcoin може да ги изгубат сите свои пари

Влатко Зорба

Новограц: Биткоин ќе се искачи на 100.000 долари до крајот на 2021 година

Влатко Зорба

Помалку познати криптовалути кои треба да се следат во 2021 година

Влатко Зорба