СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Биткоинот достигна нов рекорд – 51.000 $

Неверојатното рели на биткоин не покажува знаци на слабеење откако паричката за прв пат ја премина границата од 51.000 американски долари, пренесе Блумберг.

Најголемата криптовалута се зголеми скоро за 6% во средата на околу 51,431 американски долари по петкратниот скок минатата година. Крипто-индексот, Bloomberg Galaxy достигна рекорд.

Во 11:53 часот по македонско време, цената на биткоинот се зголеми за 4,6% на 51.277,4 долари.

Релито на биткоин привлекува се повеќе внимание, особено по неодамнешното купување на Tesla Inc. за 1,5 милијарди долари. MicroStrategy Inc. во вторникот рече дека ќе продаде конвертибилни обврзници за 600 милиони американски долари и ќе ги искористи приходите за да купи повеќе од крипто-валутата.

Одлуката на компанијата на Мајкл Сејлор е „знак за предупредување, ако некогаш имало таков, дека работите излегуваат од контрола во крипто-светот“, рече Џефри Хали, виш пазарен аналитичар во Oanda Asia Pacific..

Другите имаат поинаков став, тврдејќи дека побарувачката од институционални инвеститори и компании ќе се прошири, што ќе доведе до понатамошно зголемување на цените.

„Постојат голем број причини зошто биткоинот расте, но она што најмногу се истакнува е трендот што го започна MicroStrategy, а Tesla го популаризира – надополнување на салдото со биткоин за да се заштити од инфлацијата“, изјави Николас Пелеканос, раководител на продажба во NЕМ.

Аналитичари на JPMorgan Chase & Co. рекоа дека нестабилноста на биткоинот треба да се смири, за да се спречи крај на релито. Другите коментатори предвидуваат дека манијата ќе заврши со колапс сличен на оној во 2017 година.

60-дневната нестабилност на дигиталната валута е најголема од мај минатата година, иако сè уште е под нивоата забележани околу врвот на нејзиниот последен бум пред три години.

Поврзани вести

Биткоин изгуби 8.000 долари за 15 минути

Влатко Зорба

Нов рекорд на биткоин – 59.000 долари

Влатко Зорба

JP Morgan објави 34 блокчејн работни места, ги засилува напорите за JPM монета

Влатко Зорба