СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Директор на „Голдман сакс“ заработил милиони инвестирајќи во „доџкоин“, па ја напуштил банката

Генералниот директор на американскиот банкарски гигант „Голдман Сакс“ ја напуштил инвестициската банка откако наводно заработил милиони инвестирајќи во криптовалутата „доџкоин“.

Портпарол на Голдман Сакс потврди дека Азиз Мекмахон, генерален директор и шеф на продажба на нови пазари со седиште во Лондон, ја напуштил инвестициската банка во која работи 14 години.

Сепак, портпарол за „MarketWatch“ изјави дека не е запознат за неговото инвестирање во споменатата криптовалута.

Наводно, Мекмахон заработувал пари инвестирајќи од неговата лична сметка и не бил вклучен во тргување со криптовалути за „Голдман Сакс“.

Се смета дека Мекмахон може да основа свој хеџ фонд.

Поврзани вести

Пауел: Криптовалутите остануваат нестабилни чувари на средства

Влатко Зорба

Огромен чекор на „Морган Стенли“ во насока на биткоинот

Влатко Зорба

Може ли Bitcoin да дејствува како резервна валута? (ВИДЕО)

Влатко Зорба