СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Еден Биткоин како двособен стан во Скопје: Повторно руши рекорди

Дигиталната монета биткоин оди кон својот нов рекорд, што е 65.000 американски долари. Во моментов е на ниво од 64.620 долари (околу 54.000 евра), што е охрабрувачки знак за сите нејзини инвеститори.

Но, во исто време, тоа е сигнал дека сè уште е доста неизвесно на пазарот на финансии и конвенционални валути, низ целиот свет. Сепак, иако крипто-валутите започнаа драстично да растат со доаѓањето на корона-кризата, кога традиционалните пари станаа помалку сигурни, сега нивниот раст е под влијание на се почестото прифаќање, односно прилагодување.

Биткоинот веќе не е толку „туѓ“, дури ни за скептиците. Тековниот раст од околу 6 проценти, забележан во последните 24 часа, доволно зборува за трендот на напредок и треба да се потсети дека пазарната капитализација на биткоинот е 1,2 милијарди долари.

На почетокот на април, „Блумберг“ го објави својот месечен извештај „Проспекти на криптовалутата“, во кој се занимава со растечката побарувачка за биткоин. Се истакнува дека моделите за анализа укажуваат дека количината на биткоин на берзите се намалува, и покрај биковиот пазар, што е спротивен тренд во однос на биковиот пазар од 2017 година.

Американската агенција додава дека биткоинот оди по патот сличен на оној од 2013 и 2017 година, така што графиконите укажуваат на можна цена од дури 400.000 долари.

Поврзани вести

Што да очекуваме од Биткоин во март?

Влатко Зорба

Биткоин против Етереум: Кој е подобар избор за купување?

Влатко Зорба

XRP падна за 12% по ликвидации за 1,7 милијарди долари

Влатко Зорба