СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Низата на Фибоначи предвидува раст на биткоинот

Движењето на цената на биткоинот е тешко да се предвиди во опсег од само неколку дена, а камоли кога станува збор за подолги временски интервали. Главната причина за тоа лежи во високата нестабилност на најтргуваната криптовалута, поради што, меѓу другото, стана омилено прибежиште на инвеститорите во високо ризични средства, кои остваруваат поголеми приноси за помали единици на време со, исто така, повисоки шанси за неуспех.

Неговата вредност за време на пишувањето на материјалот е 59.134 американски долари и е многу близу до рекордот од 61.556 американски долари.

Сепак, многу аналитичари, вистински и самопрогласени, се натпреваруваат овие денови за да забележат некои законитости и да предвидат трендови во движењето на вредностите на биткоинот.

Дали е тоа сепак можно? Понекогаш цената на дигиталната паричка се зголемува паралелно со акциите на Волстрит, но понекогаш не, се случува да има луди набавки на мали инвеститори заради некој минлив тренд, како во случајот со акциите на GameStop…

Џен Вихнер од магазинот „Fortune“ тврди дека моделот на раст на биткоинот може да се одреди, користејќи една од најпознатите математички низи, која и самата природа ја користи при своето создавање. Тоа е низата на Фибоначи.

Редоследот на броеви што се реализира во многу физички и биолошки појави, во кои збирот на претходните два броја ја дава вредноста на следниот член на низата, се чини дека е применлив за кривата на цените на најпознатиот дигитален токен.

Вихнер забележува дека ЏејСи Перетс, експерт за техничка анализа на пазарот, кој во последнава деценија водеше истражувачка услуга наречена „All Star Charts“, пронашол начин да се примени оваа шема на биткоинот уште во 2017 година. Тој тогаш забележа точно кога биткоинот ќе достигне вредности од 6.500, а потоа и 7.400 долари, што беше исклучителен резултат во тоа време.

Перетс го увидел тоа со анализа на претходното движење на цените на биткоинот во одделни сегменти. По падот, доколку цената потоа се поврати за 62 проценти, а потоа продолжи да се опоравува до претходниот максимум, претпоставката е дека таа дополнително ќе скокне на 162 проценти од претходно постигнатиот минимум во тој конкретен сегмент. После тоа, ако биткоинот не се врати на претходното ниво, тој веројатно ќе се зголеми на скоро 262 од последното прикажано дно, односно долната амплитуда на графиконот за раст (бидејќи 262 е збир од претходните два процента: 100 + 162 = 262).

Перетс подоцна успешно го примени ова откритие на предвидувањата за достигнување на границата од 30.000, а потоа 45.000 долари, а сега предвидува наскоро преминување на границата од 70.000.

Сепак, иако тие ги забележуваат овие обрасци во „однесувањето“ на цената, ниту Перетс ниту Вихнер сè уште немаат логично објаснување зошто тие навистина се случуваат. Перетс тврди дека неколку стотици инвестициски компании и фондови вклучиле следење на низата на Фибоначи во нивните предвидувања за движењето на вредноста на биткоинот, покрај различните други параметри на пазарот кои инаку се следат.

Низата на Фибоначи е низа што природата ја користи во биолошкиот раст, а особено е лесна за забележување кај растителните видови. Графички, тоа исто така може да се гледа како форма на фрактален раст, односно таков што еден од неговите изолирани делови е помала копија на целината.

Поврзани вести

Биткоин надмина 30.000 $

Влатко Зорба

68% од понудата на DOGE се дистрибуира меѓу китовите

Влатко Зорба

Altcoin пазарот е во пораст

Влатко Зорба