СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Една одлука ја сруши познатата паричка

Во налетот на криптовалутите, кои покажуваат се поголема доверба од разни страни, една земја одбива да ги величи.

Всушност, ниту другите централни банки не се „воодушевени“ од идејата, па затоа се обидуваат да пласираат дигитални валути што е можно поскоро, било да е тоа еврото, јенот, јуанот, доларот или рубљата. Можеби „најгласната“ меѓу нив е Централната банка на Турција, која забрани употреба на крипто-валути, како што е биткоинот, за плаќање на стоки и услуги.

Објавено е во Службен весник на таа земја, а одлуката ќе стапи на сила на 30 април. Турците очигледно се обидуваат на секој начин да ја заштитат својата лира, особено имајќи предвид дека за нејзината дигитална форма се зборува долго време.

Сепак, се повеќе и повеќе Турци користат криптовалути за да ги заштитат своите заштеди од зголемувањето на инфлацијата и падот на турската валута. Централната банка ја објасни оваа постапка со тоа што трансакцијата со криптовалути е многу ризична.

„Средствата во крипто-валути не подлежат на никакви механизми за регулирање и надзор на централното регулаторно тело. Нивните пазарни вредности можат да бидат многу променливи“, соопшти банката.

Една од причините е можноста за незаконска употреба на овие средства поради „анонимни структури“. Растечкиот крипто-пазар во Турција доби интензитет во последните неколку месеци, бидејќи домашните инвеститори се приклучија на глобалната заедница за биткоин во обид да се заштитат од амортизација на лирата и инфлацијата.

Минатиот месец инфлацијата достигна 16 проценти. По објавувањето на оваа одлука, биткоинот ослабе за скоро 3,0 проценти на 61.490 долари. И тоа не е крај, тој продолжи да паѓа: во моментов вреди околу 57.500 долари.

Поврзани вести

За само еден час Биткоин изгуби 5% од својата вредност

Влатко Зорба

Grayscale купуваат над 5.000 Bitcoin за помалку од 24 часа

Влатко Зорба

Grayscale купува Лајткоин со неверојатно темпо

Влатко Зорба