СТАНДАРД life
ЕКОНОМИЈА

ТИРЗ со најдобар прв квартал во последните четири години

Во технолошко индустриските зони е регистрирана највисока економска активност во прв квартал во последните четири години и во однос на извозот и во однос на увозот покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ.

Така, во првиот квартал од 2021г. извозната активност во индустриските зони под надлежност на Владата достигна износ од 776 милиони евра што е за 30% повеќе од истиот период во 2020г. Во однос на 2018 година порастот е над 41%. И на месечно ниво, извозната активност во март 2021г. е највисока во изминатите 4 години и достигна ниво од 260 милиони евра, што е за 67 милиони повеќе од истиот месец во 2020г. Компаниите активни во зоните и понатаму се носители извозот во земјата со над 48% учество во вкупниот извоз што е највисок процент до сега.

И во однос на увозот е регистрирано највисоко ниво досега во однос на споредбата по квартали во изминативе четири години. Така увозот во првиот квартал од годинава достигна 736 милиони евра и е за 34% повисок од првиот квартал лани, а дури за 50% повисок споредено со првиот квартал во 2018 година. Во зоните во март исто така е регистриран највисоко ниво на учество во севкупниот увоз досега – 36%. Истотака, месечниот увоз во ТИРЗ во 2021 година го надминува месечниот увоз за ист период во изминати четири години и е на ниво од 243 милиони евра односно 87 милиони повеќе од истиот месец лани.

Трендот на раст на увоозот е поврзан и со зголемената инвестициска активност во зоните. Само во првиот квартал од годинава се потпишани договори со три компании чиј вкупни инвестиции се очекува да достигнат 50 милиони евра. Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски неодамна најави и нови странски инвестиции.

“Изминативе 5 месеци успеавме да поттикнеме инвестициски проекти кај 15 компании кои вкупно тежат околу 250 милиони евра и кои предвидуваат отворање на дополнителни 5.500 нови работни места. Едната е инвестиција во 9 цифри, односно повеќе од 100 милиони евра. Со овие компании разговараме во моментов и можам да кажам дека добар дел од нив веќе се во фаза во која подготвуваме одредени симулации за тоа што компанијата може да очекува како поддршка од државата што е чекор пред склучување на договор,” изјави директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Редовната месечна анализа на Дирекцијата за ТИРЗ за месец март покажува продолжување на позитивниот тренд и во однос на покриеноста на увозот со извозот. Така, во март 2021 нето извозот е 5%, додека на државно ниво (за месец февруари) овој однос е -21%.

Анализата покажува дека и во првиот квартал од годинава бројот на вработени во зоните останува стабилен. Во овие компании работат околу 14.000 лица, а во дел од нив веќе има постапки за отворање нови работни места.

“И во услови на криза предизвикана од Ковид 19 бројот на вработени останува стабилен, а кај дел од компаниите континуирано расте. Дури 60% од компаниите имаат зголемен број на вработени. Покрај 14.000 наши сограѓани кои работат во зоните, само актуелните инвеститори, без оние со кои сега разговараме се обврзани да отворат уште дополнителни 7500 работни места во следните неколку години. Наша цел е со посебни мерки да го забрзаме овој процес,” вели Деспотовски.

Инаку, во 2020 година регистриран е раст на просечната бруто плата од 5,5% и просечната нето плата од 2%, при стабилен број на работни места.

Поврзани вести

Зголемување на прагот за ДДВ обврзници

msp-admin

Граѓаните кои останале без работа може да аплицираат за финансиска помош до 26 јуни

НУК: Унифицирани препораки и протоколи за работа во услови на пандемија „да“, ограничување на работното време „не“

Влатко Зорба