СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Хакери украле 100 милиони долари во криптовалути

Европската полициска агенција, Европол, вчера објави дека учествувала во апсење на 10 хакери осомничени за кражба на 100 милиони долари криптовалути во хакерски напади на размена на СИМ (SIM-swapping), што им овозможи на осомничените да добијат пристап до телефоните на жртвите.

„Цел на нападот на оваа криминална група беа илјадници жртви во текот на 2020 година, вклучувајќи познати инфлуенсери, спортисти, музичари и нивните семејства“, се вели во соопштението на агенцијата.

Апсењата се извршени по истрагата во соработка со Велика Британија, САД, Белгија, Малта и Канада, соопшти Европол.

Во нападите за замена на СИМ картички, хакерите обично измамуваат телекомуникациска компанија да ја деактивираат СИМ картичката на корисникот и да пренесат функции на картичка, контролирана од хакери.

„Ова им овозможи на хакерите да украдат пари, криптовалути и лични податоци, вклучително и контакти синхронизирани со онлајн сметки“, рече Европол.

„Тие исто така хакирале сметки на социјалните мрежи со цел да објавуваат содржина и да испраќаат пораки, претставувајќи се како жртви“.

Европол не ги идентификуваше жртвите и не соопшти каде се случило апсењето. На јавноста и беше препорачано да не користи услуги што користат текстуални пораки за да се најават на онлајн сметки, бидејќи тоа го олеснува овој вид напад. Една од најпознатите жртви на нападот со замена на СИМ-картичката во минатото е извршниот директор на Твитер, Џек Дорси, во 2019 година, потсетува британската агенција.

Поврзани вести

Големите играчи го туркаат нагоре Биткоинот

Влатко Зорба

Значително помалку криминал поврзан со криптовалути забележан минатата година (инфографик)

Влатко Зорба

Продолжува агонијата на крипто-берзите