СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Што може да стори Ripple за да го спаси XRP?

Најдобриот пат на Ripple од сега не вклучува долга битка во судницата со американската Комисија за хартии од вредност (SEC), според истакнат крипто-адвокат.

Стивен Пејли, адвокат за блокчејн и дигитални валути во Anderson Kill, вели дека платежната компанија во Сан Франциско најверојатно нема да го добие случајот.

„За да преживее XRP, Ripple мора да склучи договор со SEC и да не инсистира на ризична заблуда за краен успех во Врховниот суд на САД и да го замени тестот на Ripple со Тестот на Хауи. Постојат 600 милиони причини зошто сум во право.Ако се заинтересирани за [нивните корисници], тоа е патот по кој треба да се оди“.

Пејли го сослушува и вториот случај на Ripple, кој беше поднесен во Делавер оваа недела.

Tetragon Financial Group Ltd. поднесе тужба против компанијата, која се обидува да го „наметне своето договорно право да бара Ripple да изврши откуп“ на привилигирани акции од серијата Ц, што ги држеше инвестициската компанија.
Ripple вели дека новата тужба „нема основа“.

Пејли вели дека вториот случај е „уште една многу несакана вест за Ripple“, што покажува дека компанијата била свесна дека XRP може да биде хартија од вредност.

„Проблемот со кој ќе се соочи Ripple – и зошто мислам дека се за*бани – е откривањето, вклучително на современите документи и депозити. Нема универзум во кој ова може воопшто да им помогне“.

Поврзани вести

Огромен чекор на „Морган Стенли“ во насока на биткоинот

Влатко Зорба

Биткоинот може да падне до 20.000 долари

Влатко Зорба

Првиот Bitcoin ETF одобрен во Канада

Влатко Зорба