Пазарот на криптовалути изгуби 190 милијарди долари денес, по големиот пад на цената на биткоинот и другите дигитални монети.
Експертите сметаат дека ова е, можеби, показател дека инвеститорите започнале да продаваат дигитални пари со цел да заработат пари од своите инвестиции во нив.
Вкупната вредност на пазарот на криптовалути изнесуваше 932,20 милијарди долари околу 08:10 часот по Гринич, во споредба со вчерашните 1,1 милијарда долари, според податоците на порталот „КоинМаркетКап“.
Вредноста на најголемата криптовалута во светот, Bitcoin, падна на 17 проценти на дневна основа, на 34.654 долари. Втората по големина дигитална монета, Ethereum, потона за повеќе од 20 проценти, на 1.072 долари, пренесе „Блумберг“.
Минатата недела BTC достигна рекордна вредност од скоро 42.000 $, а во последните 12 месеци забележа раст на вредноста од над 340 проценти.