20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Нов рекорд на етерот, во сериозен плус е биткоин

Откако минатата недела ја проби „магичната граница“ од 60.000 долари, и падна на 57.000 долари вчера, биткоинот денес повторно изненадува. Утрово, оваа криптовалута започна во „зелено“. Околу 11,30 часот биткоин вредеше 58,600 американски долари, што е раст од околу 2 проценти за 24 часа.

Од друга страна, втората најпопуларна криптовалута, етерот, продолжи да руши рекорди. Новиот рекорд од 2.117 долари, што е зголемување за околу 4 проценти во последните 24 часа.

Тоа беше седмиот последователен раст на оваа криптовалута. Цената скокна повеќе од 20 проценти во претходните 9 дена по одлуката на една компанија за картички да ги олесни трансакциите во USD coin на блокчејн мрежата Ethereum.

Етер, матичната крипто валута за Ethereum, оваа година скоро тројно ја зголеми својата цена.

Поврзани вести

Пазарната капитализација на криптовалутите за прв пат близу 2 трилиони долари

Влатко Зорба

Хакери со малвер напаѓаат корисници на криптовалути

Влатко Зорба

Дали ова ќе биде најуспешниот месец за Биткоин?

Влатко Зорба