20.8 C
Скопје
19 септември, 2025
СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Се намалува бројот на Bitcoin китови

Вчера, 28 февруари 2021 година, Bitcoin (BTC) ја продолжи својата корекција.

Цената на главната криптовалута падна на околу 43.000 долари на некои големи берзи. Додека просечен корисник се прашува дали дното е веќе достигнато, „рударите“ и китовите даваат мешани сигнали.

Новинарот и инсајдер, Колин Ву забележал интересен сигнал кој покажал на која група китови најмногу влијаело тековната корекција.

Тој сподели график на Glassnode, најголемиот провајдер за анализа. Според него, клубот од адреси со најмалку 10 BTC изгуби многу членови.

Колин Ву забележа „вертикален надолен тренд“ што ги турка индикаторите до нивоа кои не се пријавени од почетокот на 2019 година.

Г-дин Ву, во меѓувреме, додаде дека некои големи „продавачи“ потресени од корекцијата ги продале своите токени со профит, и покрај двоцифрениот пад на цената на Биткоин во текот на изминатите неколку дена.

БТК падна за 25 проценти откако на 22 февруари достигна нов рекорд над 58.500 американски долари.

Поврзани вести

Ripple се обиделе да постигнат договор со Комисијата за хартии од вредност

Влатко Зорба

Иновативен DeFi проект нуди нов начин за трговија на крипто-пазарот

Влатко Зорба

Биткоинот повторно расте: Вреди 61.000 долари!

Влатко Зорба