СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Шеф на турска берза за криптовалути избегал со 2 милијарди долари

Основач на турска берза за криптовалути, Фарук Фатих Озер, наводно избегал од земјата со украдени дури две милијарди долари. Озер (27) е снимен од камера на аеродромот во Истанбул за време на проверка на пасошот. За него се верува дека побегнал во Албанија или Тајланд.

Обвинителите во Истанбул започнаа истрага во четвртокот откако Берзата на Озер нагло се затвори во средата и Озер ја напушти земјата со украдените инвестиции на стотици илјади инвеститори.

Компанијата на Озер со седиште во Истанбул, Thodex Exchange, ја продаваше дигиталната валута dogecoin, основана во 2013 година, за една четвртина од својата пазарна вредност.

Податоците на пазарот од 17 април покажаа дека компанијата тргувала со dogecoin во вредност од над 500 милиони долари во рок од 24 часа, но инвеститорите започнале да изразуваат загриженост кога сфатиле дека не можат да ги продадат или пренесат.

Во средата, Thodex нагло престана да тргува. Откриено е дека 391.000 инвеститори не можеле да пристапат до своите сметки во кои имале над 2 милијарди долари.

Во соопштението на веб-страницата на компанијата се вели дека тие го прекинале работењето пет дена за „подобро опслужување на клиентите“.

Сепак, се чини дека Озер ја напуштил земјата ден пред објавувањето на изјавата.

Огуз Еврен Килич, адвокат што ги застапува инвеститорите во Thodex, рече дека е поднесена тужба против компанијата. Во петокот, турската полиција приведе 62 осомничени како дел од истрагата.

Локалните медиуми пишуваат дека Озер е под истрага за сериозна измама и основање на криминална организација.

Наводно, ова е најголемата измама поврзана со криптовалути.

Во друга изјава објавена во четвртокот, Thodex негираше дека ги украла парите на своите клиенти и рече дека привремено ја затворила својата страница откако открила невообичаена активност на некои сметки минатата недела. Оттаму, исто така, тврдат дека во 2018 година биле погодени од сајбер-напад што ја чинел компанијата 25 милијарди лири, но дека не ги обелодениле тие загуби на своите инвеститори.

На 17 април, претседателот Реџеп Таип Ердоган забрани употреба на криптовалути засновани на блокчејн технологијата како средство за плаќање во Турција.

Турската централна банка соопшти дека забраната ќе стапи на сила на 30 април.

Земјата воведе забрана за криптовалути поради, како што тврдат, ризик од непоправливи загуби на сите страни вклучени во трансакциите.

Поврзани вести

Големите инвеститори се заинтересирани само за Биткоин

Влатко Зорба

Bitcoin може да вреди 50.000 долари до средината на февруари

Влатко Зорба

XRP не е хартија од вредност, според Министерството за финансии на Велика Британија

Влатко Зорба