СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

Шефот на Твитер и Џеј Зи влегуваат во бизнис со биткоини

Првиот човек на Твитер, Џек Дорси, објави дека тој и познатиот музичар Џеј Зи ќе влезат во заеднички проект насочен кон развој на криптовалути во Индија и Африка.

Оваа фондација, како што ја нарекуваат, со почетна инвестиција од 500 биткоини, вреди околу 23,6 милиони долари.

– Првенствено ќе биде свртена кон Индија и Африка – рече Дорси, но тој не прецизираше повеќе, пишува „Бизнис Инсајдер“.

Биткоин достигна нов рекорд овие денови кога премина 48.000 долари, и само минатата недела скокна за 24%. Тој скокна за 7% по твитот на Елон Маск.

Џеј Зи и Дорси бараат тројца членови на бордот на директори на оваа фондација, чија цел ќе биде да создадат од биткоинот интернет валута.

Процесот на аплицирање е едноставен, потенцијалните членови мора да обезбедат е-пошта, име и доказ дека се вработени.

Ова не е прв пат да се испреплетуваат бизнисите на двајцата. Во декември, „Сквер“ на Дорси, наводно, бил заинтересиран за купување на музичкиот стриминг сервис на Џеј Зи, а минатата година беа фотографирани заедно на јахта, како и за време на прошетка.

Поврзани вести

Загриженоста за измама и злоупотреба повторно ја намалува цената на биткоинот

Влатко Зорба

Треба ли да очекуваме нова корекција на Биткоинот?

Влатко Зорба

SEC може да покрене истрага за Маск за купувањето на Биткоин

Влатко Зорба