СТАНДАРД life
КРИПТОВАЛУТИ

„Волкот од Волстрит“ призна дека згрешил за Биткоинот (ВИДЕО)

Оригиналниот „Волк од Волстрит“, Џордан Белфорт, вели дека Биткоин ги надминал неговите очекувања.

Во ново интервју за подкастот „Flagrant 2“, поранешниот брокер рече дека иако бил во право кога предвидел колапс на Биткоин во 2017 година, тој не очекувал водечката криптовалута да се врати толку силно.

„Кога за првпат видов Биткоин, помислив дека технологијата е одлична. Беше одлична. Кога видов дека се искачи на 17,000, 20,000 долари, си реков: „Бегај. Ќе се сруши“, и бев скоро во право на денот, кога помислив дека ќе пропадне. Мислев дека штом се сруши, ќе исчезне и повеќе нема да се врати, но тоа не се случи. Не бев во право во врска со тоа. Мислев дека едноставно ќе исчезне и нема. Зошто? Затоа што доволно луѓе веруваа во тоа“, истакна тој.

Поврзани вести

Нуди 72 милиони долари за да најде фрлен хард диск со 7.500 Bitcoin

Влатко Зорба

По MasterCard, и Visa воведува криптовалути

Влатко Зорба

Оваа криптовалута скокна 1.000% од почетокот на годината

Влатко Зорба