СТАНДАРД life
Фото: Јутјуб/Принтскрин
МК Сцена

📽️Калиопи привлече големо внимание со својата нова песна

Калиопи објави нова песна „Добра вечер и добра ноќ“ која носи моќна порака за женската храброст, љубовта кон себе и внатрешниот мир што доаѓа кога одлучуваме да не ја негираме сопствената вистина.

Познатата македонска пејачка и една од најпрепознатливите уметници од овој регион, вчера на прес-конференција во Белград ја претстави својата нова песна. Таа веќе го носи препознатливиот белег на нејзиниот долгогодишен соработник и пријател Ромео Грил, кој ја напиша музиката, текстот, аранжманот и продукцијата, уште при првото слушање.

На социјалните мрежи и Јутјуб, каде што песната е веќе достапна, реакциите на обожавателите се многу позитивни: „Музичко освежување од Калиопи“, „Одлична песна, ве чекаме во Словенија“, „Ромео Грил и Калиопи се подеднакво одлични“ – ова се само дел од коментарите што сведочат дека пејачката повторно успеала да го допре срцето на публиката.

Песната „Добра вечер и добра ноќ“ е достапна на сите дигитални платформи, а судејќи според првичните реакции, таа ќе биде еден од најзначајните музички моменти во кариерата на Калиопи во последните неколку години.

Поврзани вести

„Домаќинство за почетници“ влезе во селекција за Европските филмски награди

Urednik

Изненадување на концертите на Цетински во Сава Центар: Публиката воодушевена од настапот на нашиот Ристе Ристески

Urednik

„Домаќинство за почетници“ ја доби 17. Queer Lion награда на фестивалот во Венеција

Urednik