Веста дека нашата пејачка Антониа Гиговска се вери и очекува бебе, како бомба одекна во јавноста пред две години, особено затоа што никој не знаеше дека таа е во врска со Роберт Спасенцовски – Џокер, со кого денес е во среќен брак.
Сега две години подоцна, Антониа и Роберт на 14-ти јули го прославија вториот роденден на нивниот син Киан.
По тој повод, пејачката одлучи да ги почести своите следбеници на Инстаграм со повеќе досега невидени фотографии од синот.
Очигледно е дека пејачката, како и секоја друга модерна мајка го документира секој миг поминат со синот, но тие фотографии ги чува само за посебни пригоди.
„Љубов моја, поминаа 2 најубави годинки со тебе, сакам да знаеш дека си мојата најголема среќа, и дека ќе те чувам додека сум жива. Ти си мојот живот! Засекогаш“ – напиша Антониа во описот до фотографиите.
Кликнете на стрелките во објавата за да ги погледнете сите фотографии.