СТАНДАРД life
МК Сцена

Азиска премиера за „Јон Вардар против Галаксијата”

Македонскиот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата” ќе ја доживее својата азиска премиера на крајот на месецов, на 11. издание на Bakunawa Film Festival во Манила, Филипини.

Фестивалот го носи името на „Бакунава” – митска морска змија од филипинскиот фолклор за која се верува дека предизвикува затемнувања на месечината, и е специјализиран за жанровски филмови: научна фантастика, хорор и анимација. Со проекции, работилници и семинари, Bakunawa Film Festival претставува една од највлијателните платформи во регионот за промоција на жанровскиот филм.

„Чест ми е што филмот ќе биде прикажан токму на фестивал кој го носи името на едно толку моќно и мистично суштество од фолклорот. Пред десетина години работев на проект каде што главниот негативец беше исто така огромна морска змија, па ова го сметам за еден вид митска коинциденција. Инаку, имаме уште неколку селекции во Азија кои дополнително ќе ги објавиме” изјави режисерот Гоце Цветановски.

„Јон Вардар против Галаксијата” досега е прикажан на голем број фестивали ширум светот, а освои и две меѓународни награди за најдобар анимиран филм во Италија и Еквадор. Азиската премиера во Манила претставува уште еден значаен чекор во неговото глобално патешествие.

Поврзани вести

Игор Џамбазов слави 2 јубилеја во Филхармонија

Urednik

🎥Yon Idy нѝ го откри својот нов сингл „Blood Red”

Urednik

📸5.000 танчери во Арена Борис Трајковски! Извонреден почеток на IDO World Hip-Hop Championship & Street Dance Show 2024

Urednik