Политичкиот трилер на Гоце Цветановски е селектиран во официјална конкуренција на Меѓународниот филмски фестивал на Бахамите.
Во своето 19-годишно постоење, овој фестивал беше три години под патронат на Шон Конери, а го посетиле многу значајни имиња од филмската индустрија, како Николас Кејџ, Дерил Хана, Лоренс Фишбурн и Џони Деп. Во 2015 и 2018 беше прогласен меѓу 25 „најкул” фестивали на светот од магазинот Мувимејкер (Moviemaker magazine), а слоганот на фестивалот е „Кино во рајот”.
Фестивалот ќе се одржи од 13 до 17 ноември во главниот град на Бахамите – Насау, а Бизнисот на Задоволството ќе биде прикажан во програмата Духот на Слободата.
Ова е 32-ра селекција за филмот на Цветановски кој досега освои 10 меѓународни награди.
Политичкиот трилер од 19 септември ќе почне да се прикажува во кино салите низ Македонија.
Поддржан е од Агенцијата за Филм.