СТАНДАРД life
МК Сцена

Копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија: Започна снимањето на филмот „Соучесници“

На локации во Ужице започна снимањето на филмот „Соучесници“ во режија на Марко Новаковиќ, според сценарио на Огњен Обрадовиќ.

Главните улоги ги толкуваат: Невена Нераџиќ, Радован Вујовиќ, Милица Јаневски, Златан Видовиќ, Даница Ристовски, Аница Добра и Зоран Цвијановиќ.

Една од  улогите во овој филм ја толкува Сара Климоска. Македонија ќе биде вклучена и со професионалци во продукцијата и постпродукцијата на филмот.

Филмот е копродукција помеѓу Србија, Хрватска и Македонија. Главен продуцент е српската продуцентска куќа Зилион филм на Лазар Ристовски, а копродуценти се Иван Малоча преку продуцентската куќа Интерфилм од Хрватска и Роберт Насков и Александар Поповски преку  Партизанс.

Филмот е финансиран од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

Поврзани вести

Македонски краток филм „Mавера“ вечерва се прикажува на „Браќа Манаки“

Urednik

Echoes in the Wild: Планината станува сцена за млади креативци

Urednik

Интервју со ДНК: Младите артисти немаат трпение, концепт и план за нивната иднина, сакаат заработка преку ноќ

Urednik