СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
МК Сцена

(Фото) Дани Димитровска на гости кај синот во Холандија, насекаде се чувствува празничната магија

Есента е прекрасно годишно време, па во нејзините бои и ароми ужива и македонската пејачка Дани Димитровска, а овојпат се одлучила за прекрасната Холандија. Дани, всушност, го посетила својот син која живее во Холандија, што пејачката често го прави за да помине време со Лазар.

Пејачката убавите моменти поминати со својот син ги овековечила на својот профил на Инстаграм. Таа споделила низа фотографии на кои може да видиме како ужива во прошетките низ холандската калдрма во Мастрик, во друштво на својот син Лазар.

Дани и Лазар разгледувале знаменитости, шетале по идиличните улички низ градот на лалињата, каде веќе наголемо се чувствува празничната магија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dani Dimitrovska (@danidimitrovska)

„Долгите прошетки низ холандската калдрма ми е омилена активност… во чекорот со него. До него“, напишала Дани покрај фотографиите.

Лазар лани дипломираше на Универзитетот во Ајндховен, а годинава магистрираше. Иако живее во Холандија, тој не ја пропушти свадбената прослава на својата мајка и нејзиниот избраник Горан Веселиновски, која се одржа пред три месеци во Скопје.

Поврзани вести

Две нови награди за Манчевски, „Кајмак“ стартува во холандските кина, распродаден во Лондон

Urednik

„МАЈКА” на Теона Стругар Митевска ја отвора програмата „Хоризонти“ во Венеција

Urednik

Гарванлиев: Најголема желба ми беше да ја почнам турнејата од Македонија

Urednik