СТАНДАРД life
МК Сцена

„Чуварите на формулата” на Бјелогрлиќ од денес во кино Милениум

На кино репертоарот во кино Милениум од денес, 23 ноември (четврток) започнува со прикажување мега популарниот филм „Чуварите на формулата” на Драган Бјелогрлиќ со проекции од 20.30 часот.

Во филмот се зборува за периодот во екот на кризата од Студената војна кога група научници од Институтот Винча спроведуваат таен проект предводен од професорот Драгослав Поповиќ. Поради непредвидени околности, тие се изложени на смртоносна доза на радијација, поради што југословенската тајна полиција ги носи на лекување во Клиниката Кири во Париз. Францускиот медицински тим предводен од професорот Жорж Мате заклучува дека нивната состојба е критична и дека деновите им се избројани. Предлага, за прв пат тогаш, да се изврши деликатна и неизвесна интервенција. Дали е тоа експеримент врз живи луѓе или искрена желба да им се помогне – станува мачно прашање за југословенските научници.

Македонски ко-продуцент на филмот е Скопје Филм Студио.

Поврзани вести

Премиера на „17“ во Берлин, ќе се натпреварува за наградата Најдобар дебитантски филм

Urednik

Голем успех на македонската кинематографија на 82. Венецијанско биенале.

Urednik

Премиера на концептуалниот театарски перформанс „Супер Марио живее у Скопје“

Urednik