СТАНДАРД life
Балкан микс

Таировиќ на пресот во Скопје: Многу сум приврзана за публиката во Македонија

Теа Таировиќ (27) допатува во Скопје, а вчера одржа голема прес-конференција за концертот што ќе го одржи на 16 декември во „Јане Сандански“.

Младата пејачка ѕвезда излезе насмеана и горда пред македонските и српските медиуми, а на почетокот веднаш вети спектакл, можеби поголем и подобар од оној што Белград го виде пред неколку месеци на Ташмајдан.

Како што истакна, од тој концерт до овој, таа и нејзиниот тим напорно работеле на се.

– Можам да кажам дека сум многу приврзана за публиката во Македонија. Прво, дека луѓето овде ме пречекуваат секој пат… Знаете како ме пречекуваат, како да сум нивна роднина, такво нешто! Навистина може да се види и почувствува, а некои мои почетоци беа тука, меѓу другото, во Охрид и навистина се сеќавам на секој детал. Кога и да помислам на Македонија, тоа се навистина убави спомени – рече Теа.

На прашањето што е првото нешто што го пробува кога доаѓа во Македонија, Теа со насмевка рече: „Па, вино! Македонското е едено од најдобрите… Кога би можела да пијам вино овде на конференцијата, воопшто не би се двоумела“.

(ВИДЕО) ТАИРОВИЌ НА МЕТА ПОРАДИ БАКШИШИ: Пејачката во Америка зема пари од публика, а бакнува и долари

Поврзани вести

📽Уште едно бизарно издание на Јелена Карлеуша: Нејзините интимни делови беа покриени со костим од „оружје“…

Urednik

Алка Вуица (62): „Верувам дека ме чека мојата вистинска љубов“

Urednik

📸 Северина во општинскиот суд пристигна во придружба на својата адвокатка

Radmila Tasevska