СТАНДАРД life
МК Сцена

Ди-Џеј Александар Јорданов: Не се подготвувам за моите сетови, нема ништо поубаво од спонтаност

Обожувам да гледам луѓе како се забавуваат на подиум. Од кога знам за себе, кај мене дома се слушало квалитетна музика. Мојот татко Игор Јорданов кој во младоста беше во музичките води, беше познат и по најдобрите домашни забави, а јас уште мал обожував да играм на истите, за подоцна пројавам и самиот желба да го правам истото, вели во разговор за „Стандард лајф“ скопскиот ди-џеј Александар Јорданов.

Скопје отсекогаш имало квалитетни музичари и артисти, но за жал поради динамиката на неговото живеење одамна не присуствувал на туѓи настапи, па оттаму не смета дека е меродавен да прави споредби за клупскиот живот во главниот град и дали може да се спореди со некоја балканска или европска метропола.

За тоа која е разликата помеѓу како диџеј во клуб и на некој настан, Александар вели дека нема многу разлика.

– Едноставно и на едниот и на другиот настан најважно ми е луѓето да играат како никој да не ги гледа, вели тој во краткиот разговор.

Како настана љубовта кон музиката, што те инспирираше да станеш диџеј?

-Во суштина јас обожувам да гледам луѓе како се забавуваат на подиум. Од кога знам за себе, кај мене дома се слушало квалитетна музика. Мојот татко Игор Јорданов кој во младоста беше во музичките води, беше познат и по најдобрите домашни забави, а јас уште мал обожував да играм на истите, за подоцна пројавам и самиот желба да го правам истото и ете 🙂

Како се подготвуваш за твоите сетови?

-Не се подготвувам. Оставам органски да се случува процесот или едноставно „go with the flow“. Нема ништо поубаво од спонтаност.

Која е разликата во твојот пристап помеѓу целоноќните сетови и да речеме, сетовите од час или два?

-На целовечерните сетови јас ја започнувам и развивам приказната, додека на кратките каде најчесто се присутни и други изведувачи, се надоврзувам на нивната.

Која е разликата помеѓу вас како диџеј во клуб и на некој настан?

-Нема многу разлика. Едноставно и на едниот и на другиот настан најважно ми е луѓето да играат како никој да не ги гледа 🙂

Што мислиш за денешната технологија, контролори и програми што ги користат диџеите? Каква техника ти користиш?

-Според мене не е толку важно каква техника се користи, колку што е важно каква музика излегува од неа. Инаку јас користам Контролер Pioneer – SZ.

Како го оценуваш денешниот клупски живот во Скопје? Може ли да се спореди со некој од балканските или европските метрополи?

-Скопје отсекогаш имало квалитетни музичари и артисти, но за жал поради динамиката на моето живеење одамна не сум присуствувал на туѓи настапи, па оттаму не сум повеќе меродавен да правам споредби.

Кој е вашиот клуч за успехот? Дали имате јасна визија или нешто друго ве мотивира да одите напред?

-УПОРНОСТ И ПОЗИТИВНА ЕНЕРГИЈА.

Со оглед дека работиш и во Театар Комедија, во која професија повеќе се пронаоѓаш?

-Оаza Bonsai Nursery е мојот мир, театарот позитивната енергија, а музиката е мојата суштина. Во сите три професии во целост се пронаоѓам и не би можел да се замислам ни без една од нив.

Можеш ли да замислиш како ќе изгледа ноќниот живот за 10 години?

-Не можам да замислам, но можам да се надевам дека квалитетната музика ќе биде попопуларна од онаа која се слуша денес.

Р.Т.

Поврзани вести

Пред 17 години не напушти големиот Тоше Проески

Urednik

Гарванлиев: Најголема желба ми беше да ја почнам турнејата од Македонија

Urednik

Дина Јашари има нова песна: Не сум твој сон

Urednik