СТАНДАРД life
Секс и врски

Како да се зачува бракот? Дознајте 5 тајни на долготрајна љубов

Дали некогаш сте се запрашале како некои луѓе остануваат во брак со децении и сè уште изгледаат среќно како на денот на нивната венчавка? Според д-р Пол Хокемајер, овие среќни парови имаат неколку тајни.

1. Почит

„Без разлика на сексуалната ориентација, раса, возраст, религија или која било друга карактеристика на парот, единственото нешто што ги одржува здрави, среќни и заљубени е длабоката почит кон другата личност, од каде и да доаѓа, каде и да била и каде и да се наоѓа токму сега“, вели д-р Хокемајер за Best Life.

2. Љубопитност

„Паровите кои се среќни заедно никогаш не ја губат својата љубопитност за светот во кој имаат привилегија да живеат, еден за друг или за себе“, објаснува д-р Хокемајер.

Љубопитноста е она што им овозможува на паровите секое утро да станат од кревет и да се радуваат на она што ќе го откријат тој ден“.

3. Смисла за хумор

Паровите кои се смеат заедно, остануваат заедно, вели д-р Хокемајер.

„Да се биде среќен во долг временски период бара да се види многу хумор во предизвиците и макотрпноста на животот“, објаснува тој.

„Парот кој не може да се смее заедно е осуден на мизерна егзистенција и неизбежно раскинување“.

4. Напредок

Браковите се маратони, објаснува д-р Хокемајер.

„Сум видел премногу парови кои мислат дека чекорите што ги преземаат за да започнат брак треба да останат исти во текот на нивниот брак. Паровите треба да сфатат дека браковите минуваат низ животни фази и треба свесно да го приспособат своето темпо соодветно“.

5. Љубезност

Љубезноста значи многу во бракот.

„Животот е предизвикувачки и неизвесен. Може да ни донесе работи кои не прават кревки. Успешните долгорочни партнери се спротивставуваат на овој порив со активно негување љубезен и дарежлив дух на битие“, вели д-р Хокемајер.

Поврзани вести

Што им поминува низ главите на мажите после водење љубов?

Urednik

Како се однесува жена на која и недостига секс?

Urednik

Убава, паметна, успешна, но сама? Експерт за врски открива зошто ваквите девојки не можат да најдат партнер

Radmila Tasevska