Македонскиот актер Васил Зафирчев преку објава на социјалните мрежи сподели дека го загубил најважниот човек во неговиот живот – својот татко.
Васил објави фотографија од татка си, на која се гледа колку многу си личат, па скршен од болка се прости од него.
Актерот со трогателни зборови се прости од својот татко Трајче Зафирчев, кој почина вчера, по кратко и тешко боледување.
View this post on Instagram
„Во чест на татко ми, Трајче Зафирчев, кој денес, после кратко и тешко боледување, го испративме на неговото последно патување. Денес, боли само времето непоминато со него, пропуштените мигови, неслучените прегратки и зборовите кои останале неизговорени во честите животни отсуства, заради мојата и неговата професија поврзана со патувањето. Сето останато е вечно сегашно време исполнето со бескрајна љубов и најубави спомени, кои засекогаш ќе живеат во моето сеќавање на него, но и во неговото наследство во мене. До еден ден кога повторно ќе се сретнеме во вечната светлина! Среќен пат до дома татко мој!“, напиша Зафирчев покрај фотографијата од својот татко.
Смртта на поранешниот свекор ја погоди и Калиопи, која беше во брак со Васил од 2004 до 2011 година. И Калиопи сподели фотографија на својата инстаграм-приказна, заедно со пораката: „Патувај тато Тале наш“.

