СТАНДАРД life
Фото: Принтскрин / Инстаграм
МК Сцена

(Фото+видео) Бојана Скендеровски во огнено црвен фустан го прослави 42-от роденден во Милано

Македонската пејачка и текстописец Бојана Атанасовска – Скендеровски го прослави 42. роденден на 14 февруари во еден од најубавите градови на светот – Милано, Италија.

На датумот на којшто е родена, 14 февруари, се слават два празника Светин Трифун и Денот на вљубените, така што роденденот на Бојана има голема симболика.

Убавата пејачка споделила фотографии и видео на Инстаграм облечена во прекрасен црвен фустан, додека во рацете држи роденденска торта со златни свеќички со бројот 42.

„Ти благодарам Господе што ми даваш простор, сила и среќа да ги остварувам нештата кои ги сакам…“, напиша Бојана во описот на објавата.

 

Во еден момент во објавеното роденденско видео ѝ се придружуваат и нејзиниот сопруг Васко со нивните две деца,  со кои заедно ја испеаја роденденската песна „Среќен роденден“ (Happy birthady).

Пораките со честитки и убави желби се нижат покрај фотографиите на Бојана.

Поврзани вести

„Диџеј Ахмет“ од денеска во македонските киносали

Urednik

Светска премиера на новиот документарен филм на Тамара Котевска во Њујорк

Urednik

Денеска се одржува музичкиот фестивал Андерфест

Urednik