СТАНДАРД life
МК Сцена

Гиговска за „Стандард лајф“: Имам позитивна трема за враќање на сцената и чувствувам дека повторно треба да ги освојам сите кои ме сакаат

Едвај чекам да се вратам на сцената, агендата со настапи е веќе објавена на мојот инстаграм профил, со што и до некаде сум спремна. Но имам позитивна трема и чувствувам одговорност дека повторно треба да ги освојам сите оние кои што ме сакаат мене, мојата музика и она што го изведувам, вели во краток разговор за „Стандард лајф“ Антониа Гиговска, една од нашите најпопуларни поп-пејачки.

За тоа како ги комбинира професионалните и личните обврски со оглед на тоа дека неодамна стана мајка, пејачката вели дека иако досега не било толку интезивно и прилично лесно, „има на кого да се потпре“ во иднина кога ќе дојдат настапите, снимањата во студио, фотосесии, снимање спотови.

– Ќе биде супер, бабите се кралици, на шега ни одговори Антониа.

Вели дека името Киан, како што го нарече својот син, е старо античко име и има значење „крал“ на Персиски јазик.

– Кога „скролав“ на ТикТок ми излегоа листа на имиња па Киан ми фати најмногу око. Се заљубив во истиот момент кога го прочитав, вели пејачката и ни објасни што било најтешко на почетокот во бременоста и откако се породи: „Ух…Имав мачнини некаде до крајна шести месец па морав и да ги прекинам настапите. Откако се породив најтешко дефинитивно беше навиката на не спиење, од некој што седел буден до 4,5 наутро, одеднаш станува во текот на ноќта, а и легнува до 00:00 најдоцна“.

На прашање дали Роберт помага околу Киан и каков е тој во улогата татко, Антониа веднаш вели: „Роберт е најдобар татко и дефинитивно му ја доделив таа титула“.

– Му менува пелени, му дава да јаде, го капе, го игра, му свири и пее…Уште само бокс да почнат да тренираат заедно и мислам дека ќе бидат комплетни најдобри другари, истакна во смеа Гигоска за нејзиниот сопруг.

Иако речиси целосно функционира во Србија, вели дека ја следи македонската сцена, а македонска музика слуша нон-стоп.

Во однос на тоа дали има македонски пејачи кои со задоволство ги слуша таа вели дека „ги сака и ги слуша сите“ и не може да издвои само неколку.

За „Хабиби“ и соработката со Пајак, песна која можеби малку отстапува од она што претходно го слушавме од неа, вели дека дошла и не така спонтано.

– Добив повик дали сакам да снимам нешто многу добро со Пајак, јас ја слушнав песната и отидов во студио. Сакам да експериментирам и да излегувам од својата комфор зона. Направивме ремек дело кое на врвот на слушаност и гледаност и тоа ме радува. Посебно ме радува што и дечињата ја играат кореографијата и ја пеат најгласно на свет, изјави пејачката за „Стандард лајф“.

Р.Т.

Поврзани вести

📽Тино Брзи ја објави својата нова песна

Urednik

📸Најдобриот „Д Фестивал“ досега со спектакуларни концерти и атрактивна придружна програма

Urednik

Познатата холивудска актерка Денис Ричардс пие чај Good Nature во популарното ријалити-шоу „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“

Radmila Tasevska