СТАНДАРД life
МК Сцена

Концерт посветен на Тоше Проески во Крушево

Вечерва во 19 часот на платото пред Спомен-куќата „Тодор Проески“ во Крушево ќе се одржи концерт во чест на Тоше Проески со неколкумина регионални и домашни поп пејачи.

На 5 октомври, 2007 година Тоше го одржа последниот концерт на Градскиот стадион во Скопје во 2007 година.

Неговите најголеми хитови ќе ги пеат Александра Јанева, Димитар Андоновски, Славица Ангелова, Мите Стоилков, Александра Трајческа, Никола Зацески, Зоран Илиев, „Инвиктус бенд“, српската група „Фрајле“, а од Црна Гора гостува пејчот Бојан Маровиќ, кој беше добар пријател со Тоше.

Тоше Проески загина во сообраќајна несреќа во Хрватска на 16 октомври 2007 година, неполни две недели по последниот концерт.

Поврзани вести

Во Скопје се одржа филмски викенд за младата публика

Urednik

Слаткар го прослави својот роденден со сопругата Сања и синот Моша (ФОТО)

Radmila Tasevska

📽Дани со нов сингл – „Ќе ме сакаш ли?“

Radmila Tasevska