СТАНДАРД life
МК Сцена

Лила на промоција кај Џамбазов: „Каква е оваа ситуација?“

Игор Џамбазов заедно со музичарот Игор Атанасовски (Гуру Харе), синоќа го промовираа нивниот заеднички албум „Првите триесет“.

Џамбазов настанот го направи троен, освен на албумот, ова беше и промоција на 20. издание на неговата најпродавана книга „Гол човек“, како и на маичките со стиховите од нивните песни.

На промоцијата присуствуваа многу нивни пријатели: Весна Петрушевска, Тони Михаловски, Лила Стојановска, а меѓу гостите беше и српскиот актер Милан Калиниќ. Диџеј Зоки Бејбе направи убава забава за гостите во „Beer Garden“ пред Игор и Харе.

Лила на својот инстаграм профил објави фотографија со Џамбазов и Гуру Харе на која напиша „Каква е оваа ситуација?“

Поврзани вести

📷Ивановска се сретна со Грета Тунберг: „Заедно сме посилни“

Urednik

Премиерата на „Звуците на Новата година“ предизвика позитивни реакции кај децата и родителите

Urednik

Скопје домаќин на првата интернационална конвенција за тетовирање

Urednik