СТАНДАРД life
Шоубиз

ПРОСЛАВУВААТ ГОЛЕМА ГОДИШНИНА: Бекамови преживеаја секс скандал, но нивниот брак и понатаму трае

Дејвид и Викторија Бекам се запознале во 1996 година, а една година подоцна започнале врска. Во бракот имаат четири деца, Бруклин (24), Ромео (20), Круз (18) и Харпер (11), а на своето заедничко патување преживеаја многу бури.

Меѓу другите, во 2003 година, кога семејството се пресели во Шпанија откако Дејвид беше префрлен од Манчестер Јунајтед во Реал Мадрид, ги потресе скандал. Ребека Лус ја откри својата афера со фудбалерот, која се случила додека таа сè уште работела како негов личен асистент. Таа тврдеше дека имала четиримесечна афера со него во 2003 година, но тој постојано ги негираше обвинувањата.

Тој и Викторија пркосно останаа заедно по неговото наводно неверство и сега слават 24-годишнина од бракот.

Модната дизајнерка и поранешна „спајсица“ му посвети објава на Инстаграм на својот сопруг.

„Се уште се држиме за раце и се смееме (сега се смеам со тебе, не на тебе). Те сакам многу“, напиша таа покрај неколку нивни фотографии.

Пензионираниот фудбалер и еден од најпознатите светски спортисти на социјалната мрежа објави постара фотографија со Викторија.

„На денешен ден во 1999 г. Најдобрата сопруга, најдобрата мајка и најдобриот партнер за пиење. Среќна годишнина, те сакам“, сподели тој.

Поврзани вести

Протекоа нови детали: Метју Пери имап препишани антидепресиви во куќата, но не и илегални супстанци

Radmila Tasevska

Заврши историскиот штрајк на актерите: Погледнете кои филмови продолжуваат да се снимаат веднаш

Urednik

Бритни Спирс: Никогаш нема да се вратам во музичката индустрија

Radmila Tasevska