СТАНДАРД life
Фото: Фејсбук
МК Сцена

„Моето срце е врзано за Македонија“, порача Северина од Велес

Хрватската пејачка Северина одржа концерт во Македонија, поточно во градот Велес.

Нејзиното доаѓање предизвика голем интерес кај луѓе од околните градови и други делови од Македонија, па затоа планираниот простор пред сцената беше претесен за 20 илјади посетители.

Како резултат на тоа, многумина ги окупираа околните улици и патишта. Северина се завитка со знамето со Ѕвездата од Кутлеш за време на концертот.

„Моето срце е врзано за Македонија и голема чест ми е да го носам ова знаме на грб. Чувајте ја Македонија!“, рече пејачката по концертот.

Северина и претходно настапувала во Македонија. Во 2016 година, таа собра 70 илјади посетители во градот Берово, а во 2019 година, 50 илјади луѓе дојдоа на нејзиниот концерт во Струмица.

Поврзани вести

Ова е сопругот на Тијана Дапчевиќ: По четири дена врска почнале заеднички живот (ФОТО)

Radmila Tasevska

Интервју со Ивана Кнез: Идолизирам жени кои не се јавни личности, најчесто најдобро облечени се оние кои не користат социјални медиуми

Urednik

Концерт на легендарниот српски рапер Марчело во МКЦ

Radmila Tasevska