Денеска во Скопје почина Небахат Бади Бекир, позната пејачка на народна музика.
Покрај соло кариерата, Бади понекогаш настапуваше со групата наречена „Четири грации“, каде покрај неа беа и Благица Павловска, Адријана Алачки и Росана Тодоровска.
Познатата Бади ја нарекуваа македонската Весна Змијанац.
Бади своите први чекори на сцената ги направила уште во детските денови како член на играорната група, изучувајќи го истовремено и македонскиот и турскиот фолклор.
На музичката сцена дебатирала во 1985 година на фестивал за забавни мелодии, а паралелно пеела на турски, албански и македонски јазик.
Најплоден период на нејзината кариера е во текот на големите југословенски турнеи. По распадот на Југославија ѝ се посвети на македонската фолк песна.
Нејзината колешка Блага Петреска се прости од неа со емотивни зборови:
„Најубавата и најдобра колешка, незаборавна. Бог да ја прости.“
