СТАНДАРД life
МК Сцена

Се огласи Елена Ристеска по нападот во угостителски објект во Скопје (ФОТО)

Во последниве два дена во медиумите кружи веста дека пејачката Елена Ристеска била нападната во угостителски објект во Скопје за што се огласи и полицијата.

„Денеска (23.10.2023) во 02.30 часот во СВР Скопје, Е.Р.(37) од Скопје пријавила дека во угостителски објект на подрачјето на Центар со тврд предмет била физички нападната од Е.Т.(женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во билтенот на МВР.

Триесет и седумгодишната Ристеска денеска се огласи на Инстаграм во врска со немилиот настан и наведе дека истиот навистина се случил.

„Чувствувам должност и почит спрема целата јавност и новинарите да ви се обратам околу натписите каде се споменува моето име.

Да, точно е дека имаше обид за напад кон мене, но за истото е поднесена кривична пријава и очекувам полицијата да го разреши случајот. Очекувам поддршка од сите вас бидејќи ова ми се случи без причина и повод.

Не се грижете јас сум добра, ви благодарам на сите кои ми пишувате да изразите поддршка. После 21 година кариера, градење на име и реноме на пристојна и нескандалозна личност, ова за мене е нешто што мислам дека најмалку сум го заслужила и го гледам како обид да се извалка моето име.

И покрај сето ова, јас продолжувам да пеам за моите фанови“, напиша Ристеска на својот Инстаграм профил.

Поврзани вести

🎥Yon Idy нѝ го откри својот нов сингл „Blood Red”

Urednik

Елена Ристеска, Куку Леле, Фолтин, Љубојна и Пајак на фестивалот на виното – Целосна програма за ВиноСкоп 2023

Radmila Tasevska

Интервју со Дума: Иако има тенденција да се прикаже дека жените се еднакво застапени, нема родов баланс во филмската индустрија

Urednik