Нашиот најпознат актер и шоумен, Игор Џамбазов денес го слави својот 62 роденден.
По тој повод уште рано изутринава на својот Инстаграм профил сподели кратко видео со натпис:
„На денешен ден пред 62 години, почнав самостојна да дишам и сè уште дишам затоа што дишам длабоко!“. „Битно е дека сè уште можам да ги пребројам. 2025-1953=62“ –допиша тој во описот на видеото.
Во текот на денот, сосема очекувано целата македонска естрада упати голем број честитки во коментарите и му посакаа уште долг живот.
„Едвај чекам да видам што ќе напишеш кога ќе наполниш 69😉Држ’ се!“ – му порача Снеже Велков.
Нона Неделковска, пак ги цитираше стиховите од една од најпознатите песни на Џамбазов, „Диши длабоко“, секако со свој мал придонес.
„И кога сите бродови ќе ти потонат, најди едно поле. Поле широко. Па, затвори очи, исклучи уши, растерај мисли и… диши длабоко. И обиди се да научиш нешто од сопствените грешки. Да научиш нешто од себе. Она што веќе си го искусил.“ СРЕЌЕН РОДЕНДЕН!!!“
„Среќен да си Џамбаз! Ај дека можеш уште толку. Те сакам“ – напиша Миа Костова.
Освен нив, во коментарите се огласија и Дарја Ризова, Лила Филиповска, Викторија Лоба… Секако, реакцијата на македонската естрада е очекувана, особено ако се земе предвид дека денес слави роденден човекот којшто со години наназад е еден од најпознатите личности на нашата естрадна сцена.
