Познатото музичко дуо Драган Спасов Дац и Александар Митевски пред неколку дена настапуваа заедно со Маја Гроздановска Панчева во ресторанот „Моклиште“ во околината на Кавадарци.
Притоа, Дац и Александар со еден посебен и искрен момент уште еднаш докажаа дека се посебни.
Додека настапуваа пред гостите во ресторанот, тие влегоа директно во кујната и им запеаја на вработените.
Овој спонтан и полн со почит гест на Дац и Александар ги воодушеви обожавателите на оваа музичко дуо.
Видео од овој прекрасен момент објавија на Инстаграм.
„Кога тие се на смена и имаат работа, ние доаѓаме кај нив да им ја исполниме музичката желба. Поздрав до кујната и целиот колектив на убавото Моклиште, Кавадарци. Љубовта се множи кога се дели. Ваши, Дац и Александар“, напишаа Дац и Александар во описот на видеото, испраќајќи поздрави до кујната и целиот колектив на ресторанот „Моклиште“.
Спонтани и срдечни какви што се, Дац и Александар им приредија вечер за паметење.
