Поранешната членка на „Задруга“, Тара Симов, ги загрижи своите следбеници кога објави фотографија од болница во Македонија на Инстаграм, заедно со фотографија од нејзината рака во завои.
Набрзо откри дека си ја скршила раката, но рекла дека нема причина за паника.

– „Луѓе, сè е во ред, ја скршив раката, ништо сериозно и ништо ново. Сè е во ред и ве молам не паничете“, пишуваше во нејзината објава.

Фотографија на Инстаграм на која се гледа целата рака на Тара во завој загрижи многумина, и покрај фактот дека сè е во ред, бидејќи е речиси целосно во завои, а самата глетка не е пријатна.
