СТАНДАРД life
Секс и врски

4 начини како повторно да ја запалите искрата во вашиот брак: Како повторно да флертувате со сопругот?

Како што одминува времето, така се губи и страста меѓу брачните партнери, особено кога доаѓаат деца.

Забораваме како беше на почетокот кога се околу нас „пукаше“, а потоа стана монотоно и навика од која не можете да се ослободите. Тоа е знак дека сте заборавиле да флертувате со сопругот, велат „Two drifters“.

Не дозволувајте страста да згасне меѓу вас, туку обидете се да ја одржите високо. Интимноста и блискоста нека бидат повторно во вашите животи.

Еве четири начини да го направите тоа:

Испратете му на сопругот заводлива порака

Најдобриот, но и најбрзиот начин е да му испратите на сопругот скокотлива порака со заводлива содржина. Флертувајте со зборови и ќе видите дека тоа ќе има големо влијание врз него. Што не е во ред да се однесувате како тинејџери или како во почетокот на вашата врска? Дајте му навестување што планирате да правите навечер или тоа може да бидат само мали, кратки и слатки зборови.

Зборувајте за него пред другите

Давањето комплименти на вашиот сопруг пред другите може да биде добро за вашата врска. Не двоумете се да го пофалите неговиот труд пред други луѓе и тој ќе добие крилја поради пофалбите на негова сметка.

Изненадете го со секси облека

Приредете му изненадување со тоа што ќе облечете секси облека и ќе се покриете со бањарка или мантил. Ќе се зачуди кога ќе ве види во вакво издание, особено ако одамна не сте му го подготвувале.

Мазете се

Не се откажувајте од допирите, колку и да ви изгледаат безначајни. Дури и ако седите на ручек, допрете му ја раката или допирајте го со ногата под масата. Обидете се да одржувате физички контакт дури и во најобичните секојдневни ситуации. Дополнително, совет е понекогаш да му правите масажа. Тој нема да и се спротивстави.

Поврзани вести

Хороскопските знаци кои се најстрастни во спалната соба

Urednik

Што жената не треба да стори по случен секс – 7 совети од специјалисти

Urednik

Кога на жените им здосадува сексот со партнерот?

Urednik