СТАНДАРД life
Секс и врски

Кога на жените им здосадува сексот со партнерот?

Изгледа како едноставно прашање, но научниците сè уште не можат да се договорат што точно претставува сексуален нагон или како да се измери кај мажите или жените. Иако хормоните играат улога, не е секогаш јасно колкава разлика прават тие. Но, други фактори – психолошки, социјални и физички – исто така играат улога во создавањето на вашето либидо.

Во студијата на Универзитетот во Саутемптон учествувале 11.508 луѓе, а резултатите покажуваат дека 34 отсто од жените губат интерес за секс по една година врска, наспроти само 15 отсто од мажите, пишува The Atlantic.

„Нашите откритија се обидуваат да навлезат малку подлабоко во темата и да одговорат на прашањето зошто жените губат интерес за секс во долга врска. Посебно затоа што за жените квалитетот и должината на врската, како и комуникацијата со партнерот се пресудни за сексуалниот интерес“, вели професорката Синтија Грејем.

Во истражувањето учествувале 6.669 жени и 4.839 мажи кои имале само еден сексуален партнер во претходните 12 месеци. Интересно е тоа што на жените им било полесно да зборуваат за секс отколку на мажите.

Инаку, истото истражување покажало и дека средовечните жени се најнезадоволни од својот сексуален живот, а како најголем убиец на страста во бракот го наведуваат доаѓањето на деца во семејството, пишува „Вечерњи“.

Поврзани вести

Кои сексуални односи треба строго да се избегнуваат?

Urednik

7 фрази кои откриваат токсичен сопруг

Urednik

Зошто мажите со текот на времето го губат интересот за жената која ја сакаат?

Urednik