СТАНДАРД life
Секс и врски

Откријте кое е идеално време од денот за водење љубов: Лош тајминг – големо разочарување!

Деноноќниот ритам се менува со возраста и влијае на секоја клетка во нашето тело. Научниците докажаа дека најдобро време за вежбање е рано наутро ако сме 20 или 30, напладне ако сме 40 или 50 и од 14 до 17 ако сме постари од 50 години. А, кога е најидеално време во текот на денот за водење љубов? И, тоа зависи од возраста.

– Средината на денот е најидеално време за водење љубов со луѓе кои не се постари од 30 години. Паровите помлади од 40 години треба да се фокусираат на утринските задоволства, а постарите на вечерните задоволства – тврди д-р Пол Кели, клинички истражувач на Универзитетот во Оксфорд.

По долго истражување, тој го пресметал идеалното време за водење љубов со членови од различни генерации.

Ако имате 20 до 30 години

15:00 часот – За луѓето во дваесеттите и триесеттите години, врвот на сексуалната енергија е во ова време

Ако имате 30 до 40 години

08:20 часот – Во овие години веќе сме навикнати да се будиме порано, па дури и „дејството во кревет“ нема да биде незамисливо. Доктор Кели вели дека 8:20 часот е најидеално време за страсти, бидејќи сончевата светлина го зголемува тестостеронот кај мажите и жените.

Ако имате 40 до 50 години

22:20 – За оние кои се во нивните „најдобри години“, идеално е да имаат секс пред спиење. Постарите луѓе стануваат, толку побрзо ќе легнат и д-р Кели препорачува малку страст пред паровите да заспијат во „праведен сон“.

Ако имате 50 до 60 години

22:00 часот – Идеално време за размена на нежности за оние кои зачекориле во „крајот на летото на животот“. Д-р Кели предупредува дека припадниците на оваа возрасна категорија треба да избегнуваат утрински секс, бидејќи тоа може да доведе до ненадеен скок на притисок и да предизвика срцев удар.

Ако сте над 60 години

20:00 часот – За време на оргазмот се ослободува окситоцин, познат и како хормон на будност. Бидејќи постарите луѓе сакаат да си легнуваат порано, д-р Кели препорачува интимност четири часа пред полноќ.

Поврзани вести

Редовен секс го продоложува животот

Radmila Tasevska

Гласно и јасно: Шест знаци дека вашиот сексуален живот не функционира

Urednik

5 причини зошто оргазмот е добар за кожата

Urednik