Според Пјетре Лоренцони, сексолог од Италија, мажите можат да знаат што ги чека во сексот само гледајќи во деколтето.
Овој сексолог верува дека открил врска помеѓу обликот на женските гради и перформансите во кревет. Тој смета дека е можно да се разликуваат неколку видови љубовници врз основа на обликот и големината на градите.
За работите да бидат уште поинтересни, тој ги споредил формите на градите со овошје.
Еве го неговото мислење, а вие проценете дали има смисла или не:
Диња
Лоренцони тврди дека жените со заоблени гради се мајчински типови. Тие првенствено сакаат восхит од мажите.
Ако ги разгалите, многу ретко ќе ја одбијат вашата покана за секс.
Лимон
Мажите кои сакаат жени со див и нескротлив карактер треба да ги изберат оние чии гради личат на половина лимон.
Овие жени се полни со живот, понекогаш слатко дрски, но пред се сакаат живот полн со изненадувања и задоволства исполнети со адреналин.
Грејпфрут
Жените кои се кријат зад такви гради се далеку од она што го очекуваат мажите.
Можеби изгледаат секси и заводливи, но се срамежливи и не се заинтересирани за големи изливи на страст. За нив размената на нежности е поважна од сексот.
Круша
Жените со гради во облик на круша ја сакаат љубовта во сите нејзини варијации. Иако се конзервативни, жените со ваков тип на биста сакаат секс во сите негови сорти.
Понекогаш се многу религиозни, но тоа не ги спречува да уживаат во авантурите.
Портокал
Ако нејзините гради ве потсетуваат на портокали, не очекувајте огнен секс. Жената со два портокали под тесната кошула е многу самоуверена, знае кои се нејзините животни приоритети, но многу малку ја интересираат игрите во кревет.
Повеќе сака да поминува време со партнерот.
Цреши
Ако црешите ви се омилено овошје, знајте дека жените со мали гради кои наликуваат на ова овошје се многу забавни и возбудливи. Тие се интелигентни.
Затоа се одлични партнери за секојдневието, но и за забава, но во кревет се посмирени, не се подготвени за претерани акробации и експерименти.
Модар патлиџан
Модар патлиџан. Тоа не е овошје, но жените со гради кои наликуваат на модар патлиџан се полни со љубов и максимално уживаат во животот.