СТАНДАРД life
Секс и врски

Зошто мажите сакаат орален секс?

Едвај има маж, кој не сака да му прават орален секс. Кога сепак треба да ја вратат „услугата“, некои господа упорно затајуваат. И жените како навикнати се дека е задолжително да даваат, но не и да добиваат ваков тип милувања.

Доста од претставниците на посилниот пол се правдаат дека не се добри во овој потфат и затоа го избегнуваат. Ама ако сакаш да даваш задоволство на партнерката, можеш да се научиш! Навистина е достоен напорот? И тоа како!

Погледнете што признаа 6 мажи пред Men’sHealth за тоа што им дава приредувањето на орална љубов:

„За мене е многу задоволувачко и сметам дека е секси. Ми се допаѓа идејата да правам нешто со јазикот што ѝ носи задоволство и уживам, кога ја слушам да го изразува тоа вокално. Уште позадоволувачки е фактот дека ѝ давам нешто што таа не може да си го направи сама“, Вил Д.

„Се чувствувам навистина голем, бидејќи мојата девојка може да сврши само со орален секс. И кога ќе го добие својот оргазам, правиме неверојатен секс“, Хенри Г.

„Не знам дали ќе ми поверувате, но чувствувам неизменета еуфорија. Го обожавам вкусот и мирисот … ме возбудува“, Колин А.

„Имам цел, како да сум на мисија секој пат кога ќе се направи орална љубов на нов човек. Чувството е одлично, ме исполнува со ентузијазам, бидејќи е како една авантура. Секогаш се обидувам да дознаам што ѝ се допаѓа“, Дастин С.

„Се чувствувам многу близок со жената на која ѝ правам орална љубов. Има многу голема доза интимност. Треба да се чувствувам удобно со некого, за да сакам да му ги лижам интимните делови“, Карлос С.

„Нејзините реакции ме тераат да се чувствувам како Супермен. Ѝ го обожавам вкусот и фактот дека ѝ давам нешто што не може сама да си даде. Мислам дека затоа и ние мажите преферираме фелацио пред тоа да се задоволуваме рачно“, Еван Х.

Поврзани вести

Се чувствувате тажно после секс? Експерт открива зошто и како да го промените тоа

Urednik

Што им поминува низ главите на мажите после водење љубов?

Urednik

Зрела љубов: Пет работи кои се менуваат во бракот по 40-тите

Urednik