СТАНДАРД life
Шоубиз

📷Рајан Рејнолдс се фотошопираше на фотографија на Блејк Лајвли и Тејлор Свифт

Холивудскиот пар Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли се познати по тоа што си играат мајтап еден со друг, а откако актерката неодамна се исмејуваше со тренинзите на нејзиниот сопруг во теретана, тој реши да се пошегува со неа.

Имено, Блејк на Инстаграм објави фотографии од лондонската премиера на филмот на Бијонсе „Ренесанса“, а на една од нив позира со една од нејзините најдобри пријателки Тејлор Свифт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Blake Lively (@blakelively)

Блејк и Тејлор позираа на каучот во кратки светкави фустани, а актерката е со рака на бутот на својата пријателка.

Рајан видел добра прилика да се пошегува со сопругата. Актерот го фотошопирал своето лице на лицето на сопругата, а наместо на Тејлор Свифт го залепил лицето на Тревис Келче со кој Свифт е во врска. Резултатот е, се разбира, полн погодок.

Да потсетиме дека Рејнолдс и Лајвли се запознале во 2010 година на снимањето на филмот Green Lantern. Во брак се 11 години и имаат четири деца.

Поврзани вести

Адам Сендлер собори рекорд со филмот кој моментално е најгледан на „Нетфликс“

Urednik

Принцот Хари ги откри омилените серии што ги гледа со Меган Маркл: Изборот ги изненади многумина

Urednik

Откажан настапот на Никола Роквиќ во Хрватска: Српскиот пејач се огласи, еве за што станува збор

Urednik