24.8 C
Скопје
18 септември, 2025
СТАНДАРД life
Фото: HommeGirls
Шоубиз

📸Ријана го покажa својот труднички стомак: Дали го откри полот на своето бебе со еден детаљ?

Американската музичка ѕвезда Ријана позираше за новото издание на списанието HommeGirls и го истакна својот труднички стомак, а многу нејзини обожаватели веруваат дека очекува девојче.

Таа беше фотографирана во неколку модни изданија – во фустани, тренерки, маички и панталони, и здолниште, во палто… Нејзиниот изглед го дизајнираше стилистката Стела Гринспен, која изјави дека за неа е голема чест да соработува со Ријана.

„HommeGirls, 14-то издание со мојот „убиец на модата““, изјави Ријана во описот на фотографијата. Обожавателите веруваат дека токму оваа нејзина реченица е причината зошто откри дека ќе биде мајка на девојче.

Пејачката постојано изјавува дека една од нејзините најголеми желби е да има девојче. Таа има два сина со ASAP Rocky: тригодишниот RZA и двегодишниот Riot Rose.

„Дали ова значи дека твојот сон конечно ќе се оствари?“, „Фенти девојка?“, „Конечно!“, се некои од коментарите на нејзиниот Инстаграм профил.

Ријана неодамна беше прашана како реагирале RZA и Riot Rose на фактот дека семејството наскоро ќе има ново дополнение, пејачката рече дека биле воодушевени и се смееле. Новинарите се интересирале дали очекува девојче.

„Ќе мора да почекате и да видите“, рече таа, а подоцна додаде дека отсекогаш сакала девојче.

Таа откри дека името на нејзиното трето дете исто така ќе почнува на буквата Р и дека тоа веќе станало традиција.

Поврзани вести

📷Џенифер Анистон покажа божиќни украси во својата луксузна палата

Urednik

Џесика Алба отишла на психотерапевт со ќерката: „Секогаш бев нејзин негативец“

Urednik

Билборд објави листа на 20 најпуштани песни во светот во 2023 година

Radmila Tasevska