Пензионираниот фудбалер Дејвид Бекам, кој веќе ужива во кошниците, пчелите и медот, сега си најде нова страст.
Славниот фудбалер неодамна во документарна серија на Нетфликс го покажа својот едноставен пристап кон животот. Всушност, и покрај неговото значително богатство, Бекам ја цени едноставноста на животот во природата, а на тој пат е и овогодинешниот божиќен подарок.
Имено, овој Божиќ Бекам за изненадување доби вистински кокошарник. На фотографиите кои Викторија ги сподели со своите фанови на Инстаграм, може да се види како со насмевка ги храни животните и носи капа во божиќен дух.
Неговата сопруга Викторија секако го снимала овој момент, а во видеото се запрашала: „Што да му подарam на Дејвид за Божиќ?
Обожавателите се воодушевени од гестот и му честитаат на парот за долгогодишниот брак, кој го делат 24 години и во кој имаат четири деца – синовите Бруклин (24), Ромео (21), Круз (18) и ќерката Харпер (12).