СТАНДАРД life
Шоубиз

📸Бијонсе ја менува бојата на кожата?

Неодамна премиерно беше прикажан автобиографскиот филм „Renaissance: A Film by Beyoncé“, а поради изгледот на познатата пејачка пред премиерата, како и во самиот филм, се поставува прашањето дали решила да си ја осветли кожата.

Имено, целиот филм е проникнат со сребрени мотиви нагласени од нејзината платинеста коса, со која Бијонсе пред неколку дена се појави на црвениот тепих облечена во соодветen сребрен фустан.

Меѓутоа, кога на социјалните мрежи објави фотографии од премиерата, ја дочека лавина критики од шокираните и малку револтирани обожаватели кои со неверување ја следеа драстичната промена на нејзиниот изглед.

„Дали ова се должи на осветлувањето или навистина ја избелила кожата?“, „Па, таа веќе не е со темна кожа“, „Која е оваа жена со бела кожа!?“, „Таа го прави истото како Мајкл Џексон. ..“, се само дел од коментарите.

Во нејзина одбрана излезе нејзината мајка, дизајнерката Тина Ноулс, која тврди дека тоа се расистички изјави и дека ништо од горенаведеното нема врска со вистината.

„Таа го сними филмот наречен Renaissance, каде целата тема е сребрена со сребрена коса, сребрен тепих и соодветна сребрена облека, а вие морони коментирате дека таа се обидува да биде бела и да ја избели својата кожа? Да, таа носеше сребрена коса за да одговара на нејзиниот сребрен фустан како изјава. Уморна сум од нападите што треба да ги издржи, особено од луѓето со нејзината боја на кожа кои имаат нешто против неа да носи платинеста коса“, е само дел од она што таа го напиша во жесток одговор на критичарите кои во основа ги нарекува „глупави расисти“.

Но, факт е дека прашањата за осветленоста на нејзината кожа не ги покренаа само фановите на социјалните мрежи, туку и медицинските експерти кои најавија низа изјави во кои нагласуваат дека избелувањето на кожата е крајно опасно, особено кога ѕвездите кои поставуваат трендови одлучиле да го сторат тоа.

Бијонсе се уште не објавила ништо за се, а нема сомнеж дека нејзините идни појавувања ќе предизвикаат голем интерес кај јавноста и бројните обожаватели кои со неверување го чекаат одговорот на ова прашање.

Поврзани вести

📽 Сценарија за две епизоди на „Пријатели“ продадени за неверојатни 22.000 фунти

Radmila Tasevska

Џенифер Лоренс одговори на гласините за пластичните операции: „Изгубив тежина по породувањето, а се останато е шминка“

Urednik

📸Сопругата на Роби Вилијамс хоспитализирана по ноќно излегување

Urednik