Серена Вилијамс, поранешната американска тенисерка и легенда на белиот спорт, по завршувањето на кариерата му се посвети на семејството, а исто така е многу активна на социјалните мрежи.
Една од најдобрите тенисерки во историјата е во брак со Алексис Оханијан, еден од коосновачите на Редит, и има две ќерки – шестгодишната Олимпија и Аидра, кои на лето ќе наполнат една година.
Серена на Тик Ток објави видео кое веројатно изненади многумина во кое покажа како изгледа нејзината природна коса или што се крие под периката.
@serena My 2023 included having a baby. After having a baby it kind of feels like you got hit by a bus. Not only your body, but your mind too. (well, at least for me) Here’s to 2024! …… And getting my mind and body back! #babytok #newbaby #fyp #newyear #momtok #momsoftiktok #daughters #fashioniconawards #adiraohanian #moms #goodbye2023 #hello2024 ♬ Otra Vez – ProdMarvin
На теренот, меѓу другото, беше позната и по бујната коса, која беше еден од нејзините препознатливи знаци.
Сега не се срамеше да ја симне периката пред камерите и да покаже како изгледа без неа.
Инаку, Серена се прости од тенисот на УС Опен во 2021 година, но не ја исклучи можноста да се врати и да одигра меч.