Пејачката Мараја Кери веќе подолго време не е во добри односи со својата постара сестра Алисон Кери, која не зборува ниту со нивниот брат, а која сега излезе на социјалните мрежи и откри нови детали од нејзиниот живот.
61-годишната Алисон изјавила дека и ги изгубила сите заби при кавгата меѓу неа и нејзината позната 54-годишна сестра.
„Јас сум Алисон Кери, за жал живеам без заби. Не успеав да ги заменам. Посакувам да можам да ги заменам, но едноставно немам пари и така стојат работите. Речиси е невозможно да се прави некои работи без нив. Тоа е се што навистина имам да кажам“, се вели во видеото кое се шири на социјалните мрежи.
@didyoucatchthis Alison Carey Updates Public, Says "She Can't Afford Teeth". #mariahcarey #foryou #xyzbca #trending ♬ original sound – Did You Catch This?