СТАНДАРД life
Шоубиз

Бекам направи нова тетоважа за својата Викторија и ја стави на… средниот прст!

Дека поранешниот фудбалер е голем вљубеник во украсувањето на телото, јасно е кога ќе „фрлите“ само еден поглед, а дека се што има истетовирано очигледно не му е доволно, докажа со нова тетоважа.

Заедно со неговиот 18-годишен син Круз, Дејвид Бекам овој месец направи нова тетоважа, посветена на неговата сопруга Викторија. Исто како што Круз го истетовира прекарот на мајка му на лактот од ерата кога таа ја красеше музичката сцена со Spice Girls, Бекам реши да напише „Posh“ на неговото тело.

48-годишната фудбалска легенда го стави прекарот на својата сопруга ни помалку ни повеќе туку на средниот прст од левата рака, каде што ги „спојува“ другите тетоважи, меѓу кои и онаа на пајакот направена на зглобот на средниот прст.

Тетоважата всушност била „спојување“ на татко и син, бидејќи истиот ден Круз истетовирал ангел на неговата нога во истиот салон за тетоважи, холивудскиот Shamrock Social Club.

Дејвид Бекам има повеќе од 60 тетоважи на своето тело, а неколку од нив и посвети на Викторија – од нејзиното име до илустрација на која е во долна облека, која му ја краси раката, како и 10 рози кои ги истетовирал на 10-годишнината од нивниот брак во 2009. година.

Дејвид и Круз не се единствените членови на семејството Бекам луди по тетоважи. 24-годишниот Бруклин го украсил своето тело со 100 тетоважи, од кои огромното мнозинство се посветени на неговата сопруга Никола Пелц.

Поврзани вести

Хејли Бибер се вклучи во бизнисот на нејзиниот сопруг Џастин

Urednik

Камерон Дијаз: Брачните парови треба да живеат во посебни куќи

Urednik

Шварценегер се кае за прељубата и жали што се разведе: Тоа е мојата најголема грешка

Radmila Tasevska